САД поднеле барање до посредниците за директна средба со Хамас за американските заложници

19.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД поднеле барање до посредниците за директна средба со Хамас за американските заложници

Арапски дипломатски извори за емиратскиот портал Ерем њуз изјавиле дека САД поднеле барање до посредниците за директни разговори со Хамас за прашањето за заложниците, со цел да се обезбеди ослободување Едан Александар кој има израелско и американско државјанство и телата на уште четири лица со двојни државјанства.

Неименувани извори за Ерем Њуз рекле дека американското барање за директна средба со официјален претставник на палестинската терористичка група било доставено до посредник минатата недела и може да се случи во следните неколку дена, јави Тајмс оф Израел.

Изворите изјавиле за порталот дека не знаат што би можеле да и понудат САД на терористичката група во замена за ослободување на Александар и телата на Џуди Вајнштајн и нејзиниот сопруг Гади Хагаи, Омер Неутра и Итај Чен.

Претставникот за заложници на администрацијата на Трамп, Адам Болер, во средата рече дека „е можно“ неговите директни разговори со Хамас да продолжат.

Интервјуто беше прво на Болер за конфликтот Израел-Хамас во неколку недели, по несогласувањето во Ерусалим поради директните преговори што тој ги одржа со претставници на Хамас за да се обиде да обезбеди ослободување на Александар и телата на заложниците. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата