Човекот бил на удар на елен што го сретнал во близина на поток. Најверојатно животното било нервозно бидејќи е сезона на парење, а до него имало младенчиња.
Го гледаме моментот кога Куеста им приоѓа на елените, додека ги придружуваат патки и видри. Она што се случи потоа ја илустрира сета непредвидливост на природата.
„Мојата грешка е што мислев дека нема свој простор, а неколку пати ме избоде со роговите“, изјави природонаучникот.
Камерата го снимила животното како го напаѓа „ривалот“, влечејќи го по земја, додека Куеста избезумено се борел за да избегне смртоносни повреди, пренесува Lakalle Blu Radio.
Човекот признава дека погрешно ја проценил ситуацијата, а драмата траела три минути. На крајот успеал да се извлече, додека за жестокоста на нападот говорат модринки, рани, гребаници и две скршени ребра.