Екстремно студен бран зафати многу региони во источна Турција. Најниска температура на воздухот синоќа во Турција е измерена во градот Текман, во Ерзурум, каде беа измерени минус 34 степени.
Во центарот на округот Ерзурум температурите се спуштаат до минус 18 степени во текот на ноќта. Исклучително студено синоќа беше и во источната провинција Ардахан, каде температурите на многу места се спуштија до минус 26 степени, а во градот Голе - до минус 31 степен.
Во областа Агра, се измерени минус 21 степен. Во регионот реките се замрзнати. Во Карс температурите се спуштија до минус 18 Целзиусови степени.