Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин

20.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин

Ендрју беше приведен вчераутро по обвиненијата што произлегоа од објавувањето на документи поврзани со педофилот и финансиер Џефри Епстин.

Ова е првпат во модерната историја да биде уапсен истакнат член на британското кралско семејство. Тој вчера помина околу 11 часа во притвор.

Поранешниот кралски член е снимен како синоќа ја напушта полициската станица Ејлшам во Норфолк за подоцна да се врати во Сандрингам поминувајќи со автомобилот покрај собраните новинари.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека неговото апсење е „многу тажно“ и додаде дека смета оти тоа е „многу лошо за кралското семејство“.

Поранешниот војвода беше приведен на својот 66-ти роденден поради обвинувања дека му пренел чувствителни информации на Епстин додека бил специјален трговски претставник на Велика Британија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата