Притиснал „Ентер“, па добил сметка од 14.000 долари – одбиваат да ја поништат

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Притиснал „Ентер“, па добил сметка од 14.000 долари – одбиваат да ја поништат

Тоа го дознал корисник по име Тим, кога во февруари минатата година направил упит во популарната база на податоци на Гугл – „BigQuery“.

Грешката што ја направил Тим била во тоа што претпоставил дека услугата, бидејќи е јавно достапна, е и бесплатна. Конкретниот сет на податоци, „HTTP Archive“, се складира преку „Google Cloud“ и е отворен за сите корисници – но самата обработка и анализа на тие податоци се наплатува.

– Минатата недела покренав еден скрипт во „BigQuery“ за историски податоци од HTTP Archive, и „Google Cloud“ ми наплати 14.000 долари, без никакво претходно предупредување. Сега одбиваат да ја поништат таа наплата – напиша Тим на „HTTP“ форумот.

По инцидентот, Гугл брзо ја ажурираше веб-страницата на „HTTP Archive“ со јасни предупредувања дека користењето на „BigQuery“ може да доведе до големи трошоци, пренесува Блиц.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата