Според „Икс“-страницата на Нобеловите награди, првиот и далеку попознат постулат е Теоријата на релативитетот, којашто ги опишува просторот и времето во однос на движењето и го заменила концептот на Исак Њутн за времето и просторот. Оваа теорија се нарекува и „Специјална“ бидејќи изразува посебен, конкретен случај, каде што уделот и ефектите на забрзувањето и гравитацијата не може да се игнорираат. Околу 10 години подоцна, Ајнштајн ја објавил и Теоријата на општата релативност, којашто ја вклучува и гравитацијата. Специјалната релативност е точна кога ефектите на гравитацијата се занемарливи или слаби, а во спротивно мора да се замени со општата релативност.
Со Специјалната теорија на релативноста, Ајнштајн бил првиот што ги отфрлил апсолутниот простор и апсолутното време, односно утврдил дека и просторот и времето се релативни и дека како такви се физичка реалност. Затоа, постулатот на релативноста подразбира дека ако двајца набљудувачи се движат со константна брзина во однос на друг, секој закон на физиката ќе дејствува подеднакво врз двајцата набљудувачи. Не постои експеримент што може да утврди дали набљудувачот се движи или е во мирување.
Теоријата за постојаноста на брзината на светлината во вакуум е вториот постулат. Тој подразбира дека таа брзина е константна, непроменлива и независна од брзината на изворот на светлина или набљудувачот. Ова значи дека брзината на светлината секогаш ќе биде иста без разлика колку брзо некој или нешто се движи кон изворот на светлина. Брзината на светлината во вакуум е 300.000 километри во секунда.
Ајнштајн ја доби Нобеловата награда за физика во 1921 година. Но, тој не го доби ова признание за неговата теорија на релативност, по којашто е можеби најпознат, туку за неговото објаснување на фотоелектричниот ефект.