20-годишникот со повеќе од 38 милиони следбеници ја започна својата турнеја во Шангај, каде ги покажа знаменитостите на градот, како и најновите достигнувања на кинеската индустрија, во повеќечасовен пренос.
Невидено чудо
Така Јутјуберот имаше можност да се провози со електричниот Xiaomi SU7 Ultra со неверојатни 1.526 коњски сили, кој во неговите очи ги засени дури и луксузните западни марки.
„Не можам да верувам дека е електричен, и е побрз од моето Lamborghini Huracan“, рече тој за време на емитувањето, кое беше проследено со илјадници коментари.
Посебно внимание привлече возењето со BYD Yangwang U8, луксузен теренец кој може да лебди по вода, пишува Global Times.
Отпрвин се исплашил кога влегле во реката, но потоа со ентузијазам изјавил: „Чудо е оваа кинеска кочија, брате“.
„Културна дипломатија“
Гледачите имаа можност да го видат како управува со летечки автомобил или како танцува на суперавтомобилот Yangwang U9, што отскокнува во ритамот на музиката!
Експертите истакнуваат дека посетата на американскиот Јутјубер не е само интернет сензација, туку и пример за тоа како дигиталните инфлуенсери стануваат „мост“ меѓу различните култури.
„Она што го прави iShowSpped е културна дипломатија на 21 век. Со ова темпо, технологијата и хуморот стануваат универзален јазик“, сметаат аналитичарите.