Погребник ги чувал телата на покојниците, а на семејствата им давал лажни урни- осквернавел 190 тела

28.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Погребник ги чувал телата на покојниците, а на семејствата им давал лажни урни- осквернавел 190 тела

Холфорд е осуден на максимум 20 години затвор за измама и сквернавење на тела, објавува АП.

Складирал речиси 190 останки во напуштена зграда и испраќал лажни урни до семејствата на починатите, а истовремено проневерил речиси 900.000 долари помош за време на пандемија, соопштија федералните обвинители.

Холфорд се изјасниl за виновен за заговор за извршување на измама со електронски средства.

И покрај тоа што е обвинет само по едно обвинение, судијката Нина Ванг рече дека обемот на злосторството и емоционалниот товар врз семејствата ја оправдуваат максималната казна.

На суд, Холфорд се извинил и рекол дека го отворил погребалниот дом за да им помогне на луѓето, но дека работите „целосно излегле од контрола“.

Холфорд и неговата сопруга, Кери, кои ќе се појават на суд во федерален случај во септември, се обвинети и за трошење пари на клиентите и помош за време на пандемија за луксузни стоки од продавници како Гучи и Тифани, автомобили, криптовалути и спа третмани. Се очекува Холфорд да биде осуден и на државно судење во август, каде што се изјаснил за виновен по 191 обвинение за сквернавење на тело.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата