Марта Хофнунг Кон, една од највпечатливите личности на 20. век, почина во ноќта на 21 мај во Соединетите Американски Држави, само неколку недели по прославата на својот 105-ти роденден.
Таа потекнуваше од еврејско семејство, а е родена како Марта Хофнунг на 13 април 1920 година, во семејство со седум деца. Во 1940 година, побегнала од градот Мец и се населила во Поатје за време на нацистичката инвазија на Франција, а потоа останала во департманот Вијен заедно со својот свршеник Жак Делоне, борец од движењето на отпорот, кој бил егзекутиран во 1943 година.
Една година подоцна, Марта ја презела улогата на разузнавач за Франција во Германија, непосредно пред капитулацијата на Третиот рајх. Својот животен пат го опиша во автобиографијата „Зад непријателските линии“.
Марта оваа година го прослави својот 105-ти роденден. Родум од Мец, последниве години живееше во Соединетите Американски Држави, поточно во Лос Анџелес, пренесува Б92.