Во моментите кога Титаник го чекала трагична судбина, тој бил на должност на палубата и наредил маневар за да избегне судир со санта мраз.
За жал, немало доволно време и луксузниот брод потона на дното на Атлантикот, одземајќи ги животите на повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот.
Нови 3Д слики од потонатиот брод
Со децении по една од најголемите поморски трагедии, кружеа приказни дека Мардок, за време на евакуацијата, пукал во патниците (како што е прикажано во филмот на Џејмс Камерон), се самоубил и бил одговорен за грешките што довеле до катастрофата.
Точно 113 години по трагедијата на Титаник, се појавуваат докази, сметаат истражувачите, дека Мардок не кукавички ја напуштил својата позиција, туку бил убиен обидувајќи се да им помогне на патниците и всушносат е херој.
Веќе пишувавме дека се објавени 3Д снимки од потонатиот брод, кои преку стручна анализа ги откриваат околностите на последните часови на Титаник, а најавен е и документарен филм на National Geographic.
Што открива положбата на кранот?
Истражувачот Паркс Стивенсон, кој претстави софистицирана компјутерска симулација, верува дека има докази кои го чистат името на Мардок, пишува Дејли мејл.
Тој ја посочи позицијата на кранот, со кој се спуштаа чамците за спасување, во секторот со кој управуваше првиот офицер Мардок. Тој останал во вертикална положба, подготвен да „лансира“ уште еден чамец кога потонал луксузниот брод.
Ова ги поткрепува сведоштвата на преживеаните членови на екипажот, кои тврдеа дека Мардок се подготвувал да спушти друг чамец со патници кога го однел бран.
Различни сведоштва
За потсетување, неколку преживеани патници подоцна изјавија дека виделе како полицаецот пука во едно или две лица кои трчаат кон чамецот, а потоа се застрела себеси. Со години се веруваше дека овој неименуван офицер е Мардок - идеја што се повторуваше во филмската адаптација на Џејмс Камерон.
Сепак, клучните делови од сведочењето на екипажот не се согласуваат со ова толкување.
Вториот офицер Чарлс Лајтолер тврдеше дека го видел Мардок од врвот на палубата, како го однело морето. Според неговата приказна, Мардок го подготвувал последниот чамец кога бродот ненадејно се искривил, што предизвикало бран да ја измие палубата.
Додека некои патници успеале да се качат во чамецот, Мардок исчезнал во брановите и неговото тело никогаш не било пронајдено.
Не ја напушти функцијата?
Сега, 3Д сликите од остатоците откриваат докази што го поддржуваат сведочењето на Лајтолер, веруваат истражувачите.
„Овој кран беше подигнат, што значи дека екипажот се обидуваше да го подготви чамецот за „лансирање“. Ова се совпаѓа со описот на вториот офицер“, истакна Стивенсон.
Тоа сугерира, додаде тој, дека Мардок не ја напуштил својата позиција и се обидувал да ги спаси патниците до самиот крај.