Папата Франциск поради нарушено здравје нема да присуствува на црковните настани

18.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата Франциск поради нарушено здравје нема да присуствува на црковните настани

Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради сложена респираторна инфекција, нема да учествува на настаните поврзани со католичката Света година закажани за викендот, соопшти денеска Ватикан.

Се наведува дека јавната папска аудиенција што требаше да се одржи во сабота е откажана поради лошата здравствена состојба на папата, а неделната миса, која вообичаено ја предводи папата, ќе се одржи во присуство на друг официјален претставник на Ватикан.

Ватикан вчера соопшти дека папата ќе ја продолжи хоспитализацијата поради лоша крвна слика која покажа дека боледува од полимикробна инфекција на респираторниот тракт. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата