Пакистанските безбедносни сили ослободија 155 патници од патнички воз нападнат од сепаратисти

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пакистанските безбедносни сили ослободија 155 патници од патнички воз нападнат од сепаратисти

Тие прецизираа дека се убиени 27 напаѓачи.

Повеќе од 20 часа пакистанските трупи се обидуваат да ослободат стотици патници земени како заложници од милитантите на Ослободителната војска на Белуџистан, главната сепаратистичка група во најсиромашната пакистанска провинција, но богата со нафта и минерали.

Вчера групата ги разнела шините за да го блокира возот Џафар експрес кој од Квета патувал кон градот Пешавар.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата