Холандската телекомуникациска компанија KPN стана првата голема компанија во земјата која на своите вработени им нуди неограничени денови за одмор.
Оваа иновација е воведена преку колективен договор, објави NL Times.
Нашите вработени сами одлучуваат како ќе ги искористат деновите на одмор - изјави Барт Веберс за холандскиот весник „Фајнениееле Дагблад“.
Компанијата сака да им олесни на вработените да балансираат помеѓу работата и приватниот живот. Сепак, тоа не значи дека вработените можат да донесуваат одлуки за одмор без консултација - сите одмори мора да бидат одобрени.
Како што објави гореспоменатиот весник, синдикатите не биле целосно ентузијасти за воведувањето на неограничени денови за одмор во колективниот договор, наведувајќи дека нема сите вработени подеднакво да имаат корист од системот.
Синдикатите истакнаа дека притисокот и работните распореди може да влијаат на тие денови.
Организацијата на работодавачи AWVN објави дека неколку мали и средни компании веќе нудат неограничен одмор, истакнувајќи дека вработените сакаат помалку правила и поголема слобода во балансирањето меѓу работата и животот.