Животното, по име Боки, било оперирано во октомври, непосредно пред да замине во хибернација, бидејќи боледувало од хидроцефалус (абнормална акумулација на цереброспинална течност).
Целосно закрепнување
Поради оваа причина, ветеринарите не биле сигурни каков ќе биде ефектот од операцијата до пролет, пренесува UPI.com.
Сега се дознава дека Боки целосно закрепнал.
Петчасовната операција била изведена во резерватот Вајлдвуд и ја водел светски познатиот ветеринар Ремен Писај. Тој користел најсовремени техники за отстранување на вишокот течност од мозокот на животното.
„Извонредна трансформација“
„Видовме извонредна трансформација кај младата мечка. Активен е, разигран, како да заборавил дека има операција. Трча наоколу, што е фантастично да се види“, велат ренџерите на резерватот.
На Фејсбук е објавено видео од кафеавата мечка по будењето од хибернација, како и за време на операцијата во октомври.