Од понеделникот утрината до вторникот попладнето во северниот дел на Појасот Газа се вратиле над 376.000 Палестинци, благодарение на кревкиот прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас, соопшти агенција на ОН за хуманитарни работи.
Мажите сочинуваат половина од раселените, а жените и децата по четвртина, соопшти агенцијата на ОН, повикувајќи се на податоците на работната група која ги распореди своите претставници на различни делови на територијата.
Бремените жени и родилките, старите лица, инвалидите, хронично болните и оние на кои им е потребна итна медицинска помош, како и малолетниците без придружба се меѓу клучните ранливи групи меѓу раселените кои пешки тргнаа на ова тешко патување, соопшти агенцијата.
Владата на Хамас претходно денеска објави дека 300.000 раселени лица се вратиле на север од енклавата, откако израелската армија го одобрила нивното враќање.