На ова место посетителите можат да уживаат во разновидна програма, а ги забавува и девојка облечена во костум на сирена.
Русинка по име Маша (22) била снимена како нурка во огромен аквариум и сѐ изгледало нормално, додека не се случил нападот, пренесува Дејли Мејл.
Маша била свртена кон посетителите и не забележала како крупната риба ѝ се приближува. Додека таа мавта, следеше молскавичен напад.
Рибата со вилиците ја фати Маша за лицето, а шокираните посетители почнаа да врескаат. За среќа веднаш ја пуштила, а „сирената“ брзо испливала на површина.
Според локалните медиуми, рибата ѝ ги прегризала очилата на Маша и ѝ нанела повреди на окото, вратот и главата.
Раководителите на забавниот парк наводно ѝ понудиле одредена сума пари како компензација, додека во извештаите не е прецизирано која риба ја нападнала Русинката.
Овој парк може да се пофали со автохтони видови од реките Меконг и Јангце, како и ретки водоземци.