Нова интернет-закана: Малвер за кражба на криптовалути преку пребарувачот

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нова интернет-закана: Малвер за кражба на криптовалути преку пребарувачот

Овие надградби се направени за непрописен пристап до крипто-паричниците на корисниците, претставувајќи се како легитимни додатоци за популарни платформи како „Мета-маск“, „Коинбејс“, „Труст волет“, „Фантом“, „Егзодус“ и други. За разлика од вообичаените кибербезбедносни „фишинг“ напади преку лажни веб-страници, овие малвери работат директно во пребарувачот на корисникот. Напаѓачите често користат идентични имиња, логоа и кориснички профили како оригиналните верзии на паричниците, дополнително подмамувајќи ги корисниците.

„Мозила“ веќе ги отстрани повеќето од овие малициозни надградби, но се чини, само една - „Мајмонеро волет“ е сѐ уште активна. 

Како да се заштитите? Пред сѐ, преземајте програмски надградби само од доверливи и проверени издавачи; обрнете внимание на однесувањето на програмата по инсталацијата; не потпирајте се на оценките - проверете го бројот на преземања и прегледи; редовно ажурирајте си го пребарувачот и безбедносните алатки. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата