Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата - од Сикстинската капела излезе црн чад

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата - од Сикстинската капела излезе црн чад

Првото гласање се одржа синоќа, а кога ќе се избере новиот поглавар од оџакот на Систинската капела ќе се појави бел чад.

Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во изборот учествуваат 133 кардинали.

Претходните два конклава, во 2005 и 2013 година, траеја само по два дена.

Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по два дена гласање. Почина на 21 април на 89-годишна возраст и беше погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

„Sede vacante“, периодот кога папската столица останува празна, го најавува почетокот на конклавата, еден од најмистериозните избори во светот со вековна традиција. Од тој момент, управувањето со црквата со ограничени овластувања е оставено на коморникот на Римската црква, префектите на дикастеријата и колегиумот на кардинали.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата