Вселенската станица Тијангонг, управувана од тимови од три астронаути кои се менуваат на секои шест месеци, е досегашниот дострел на вселенската програма на Кина вредна милијарди, додека оваа далекуисточна сила им се доближува на САД и Русија. Мисијата „Шенжоу-21“, пак, т.е. летот е закажан за в петок - утре во 23:44 часот по локално време. Вселенскиот брод треба да полета од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, извести Жанг Жингбо, гланоговорник на Кинеската администрација за вселенски истражувања (КМСА).
Инженерот за летање, Ву Феи, кој само пред извессно време наполни 32 години, ќе стане најмладиот космонаут на Кина на вселенска мисија. Тој ќе им се придружи на своите поискусни колеги Жанг Лу и Жанг Хонгжанг, соопштија властите.
Лабораториските глувци - два мажјаци и две женки, ќе се користат за првите кинески експерименти во орбитата врз глодари.
Вселенската програма на Кина - претходно трета држава по ред што испрати човечка посада во Земјината Орбита, успешно спушти и роботски ровери без луѓе на Марс и на Месечината. Оваа земја на тој начин ги засилува плановите за остварување на своите вселенски стремежи под водство на претседателот Си Џинпинг. Следно, како што најавуваат од Пекинг, е и испраќањето луѓе на Месечината до 2030 година и планирана изградба на база на површината на нашиот природен сателит.
КМСА соопшти дека „цврсто се придржува“ кон таа цел, а пак, „низа клучни претстојни тестови“ се во тек, вклучувајќи го и тестирањето на месечевиот модул „Ланјуе“ и вселенското летало за лет со луѓе - „Менгжу“.

