Рис снимен во Новосело - кичевско: Најголемата дива мачка на Балканот се искачи на дрво

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рис снимен во Новосело - кичевско: Најголемата дива мачка на Балканот се искачи на дрво

Од здружението нагласуваат дека најверојатно станува збор за мајка со младенче.Тие имаа блиска средба со едниот од нив со што документираа еден посебен момент кој сведочи за богатството и биодиверзитетот на ова подрачје.

Инаку балканскиот рис (Lynx lynx balcanicus) е субвид на еврозискиот рис, кој се наоѓа исклучиво во планинските региони на Балканот, особено во западна Македонија, Албанија и делови од Косово. 

Се смета за најголемата дива мачка на Балканот и е национален симбол на Македонија, прикажан на реверсот на петденарската монета.

Во поглед на територијата, балканскиот рис е мошне сличен со другите подвидови. Мажјаците имаат поголеми територии (220–700 km²) од женките (100–200 km²), и тие им се преклопуваат заради парење. Младенчињата се раѓаат во доцна пролет, помеѓу мај и јуни, откако мајката го носи младото околу 70 дена, по спарувањето доцна зиме или рано напролет. При населувањето нови територии (дисперзија), единките може да поминат различни растојанија, но обично мажјаците покриваат поголеми пространства од женките. Овие, пак, главно се населуваат близу местото на раѓање.

Балканскиот рис е месојадно животно што лови мали копитари, и тоа, срна (Capreolus capreolus) и дивокоза (Rupicapra rupicapra). Дивиот зајак (Lepus europaeus) претставува алтернативен плен, особено во подрачјата каде копитарите се поретки. Дали рисот успешно ќе се размножи и дали ќе опстане зависи од достапноста на пленот и од квалитетот на живеалиштето.

Здружението „Еко Фазан“ веќе многу пати докажа дека рисовите се автохтони на нивните територии.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата