Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел

20.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел

Додека некои видови мувла се јадат - како оние што се наоѓаат во синото сирење и антибиотиците, други - како онаа во лебот со латински назив „Rhizopus stolonifer“, се исклучително опасни по здравјето. Д-р Каран Раџ oд Лондон, Велика Британија, кој е доста популарен и на социјалните мрежи, упати строго предупредување дека „не постои чисто парче од мувлосан леб“ и кое било конзумирање може да биде смртоносно. 

- Ако ги видите тие дамки (на мувлата, з.п.), тогаш дефинитивно не ги гледате скриените корени. Ова значи дека едноставното фрлање на едно мувлосано парче нема да го направи остатокот од лебот безбеден за јадење, појасни д-р Раџ.

Имено, „видливата“ мувла е само дел од поголемиот проблем. Репродуктивните делови на мувлата ослободуваат илјадници спори што се шират насекаде.

- Речиси е невозможно да се каже дали мувлата е безопасна или не, само со гледање во неа, бидејќи некои од нив можат да произведат доста опасни микротоксини коишто може да бидат смртоносни, додаде докторот.

На крајот, тој истакна дека дури и потпекувањето на „полумувлосаниот“ леб нема да ги неутрализира овие опасните материи. Затоа, д-р Каран советува: Фрлете го целиот леб. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата