Младенците Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се венчаа на годинешната Галичка свадба

13.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Младенците Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска се венчаа на годинешната Галичка свадба

Денот на венчавката почна со традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување по невеста“, како и карактеристичниот обичај на Галичката свадба – „гледање низ прстен“, по што следуваше венчавањето во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.

Традиционалното одбележување на „Галичка свадба“  за првпат е одржано во 1963 година и со начинот на презентирање на својата богата културна традиција секоја година привлекува сè поголем број гости од дома и од странство.

Честитки упати и претседателката Гордана Сиљановска Давкова

„Честитки до годинешните младенци на Галичката свадба, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски!

Им посакувам среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца.

Нешто што е дел од нашиот идентитет, што е единствено, никаде го нема и нѐ прави посебни – треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади ја продолжуваат оваа традиција.

„Галичка свадба“ не случајно се одржува околу Петровден, кога во минатото печалбарите се враќале дома заради женидба и во еден ден се правеле повеќе венчавки.“- објави таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата