Го гледаме моментот кога огромно летало крева човек десетици метри над земјата, а гледачите беа шокирани од глетката, објавува Итемфикс.
Не беше ли тоа инцидент?!
Локалните медиуми, сепак, објавуваат пресврт- ова не бил инцидент, туку планирана акција. Наводно, десетина луѓе му помогнале на човекот на видеото да се вивне во небото, користејќи змеј.
Негова задача била да стигне до блискиот остров и да го подигне змејот што претходно паднал во водата. Се тврди дека безбедно слетал околу дваесет минути подоцна.
Ризична акција
Локалните медиуми ги објавуваат зборовите на лице кое се занимавало со летала, кое открива дека овој вид „играње“ не е невообичаено, а огромните змејови се тестирани и многу издржливи.
Сепак, нагласи дека станува збор за многу ризична акција, особено кога ветерот е силен, бидејќи е тешко да се контролира рамнотежата и висината.