Украдениот ранец се појавил пред хотелот 24 часа по грабежот, објави „Месаџеро“.
Според американскиот турист, во него имало четири часовници „Ричард Мил“ во вкупна вредност од 600.000 евра.
Тој исто така рекол дека во ранецот имало и „ЕрПод“, кредитни картички, 600 долари и 300 евра.
Полицијата го уапсила осомничениот за кражбата, 26-годишен Алжирец, додека неговиот соучесник се бара.
Осомничениот Алжирец, сепак, тврдел дека во ранецот немало ништо освен лажни часовници, негирајќи ги наводите на туристот.
Самиот американски турист ја информирал полицијата за кражбата и содржината на ранецот, тврдејќи дека украдените часовници вредат по 150.000 евра.
Сепак, Американецот се вратил во САД кратко време подоцна, а полицијата повеќе не добила никакви информации од него.
Истрагата за целиот инцидент е во тек, а полицијата не исклучува никаква можност.