Кина се спротивстави на планот на САД за укинување на студентските визи

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина се спротивстави на планот на САД за укинување на студентските визи

Ова го соопшти кинеското Министерство за надворешни работи официјално протестирајќи против потегот најавен од американскиот државен секретар Марко Рубио.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на редовен брифинг со медиумите изјави дека САД ги користат идеологијата и националната безбедност како „изговор“ за својата одлука, што им штети на легитимните права и интересите на студентите.

Рубио претходно изјави дека САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти, вклучително и оние кои се поврзани со Кинеската комунистичка партија (ККП) или кои студираат во клучни области.

Рубио нагласи дека Стејт департментот, исто така, ќе ги разгледа критериумите за заострување на контролата врз сите идни кандидати за виза од Кина и од Хонг Конг.

Кинеските студенти се на второ место по број на студенти (277.398) кои студираат на американските универзитети во академската 2023-2024 година. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата