Говорејќи на отворањето на годишната Меѓународна конференција за ВИ во Шангај, Ли истакна дека технологијата станува нов двигател на економскиот раст, но предупреди дека развојот е разединет и недоволно координиран.
- Потребна ни е глобално прифатена рамка за развој и безбедност на вештачката интелигенција, рече Ли, посочувајќи дека сегашниот развој е фрагментиран и ограничен од недостиг на чипови и експертиза.
Конференцијата се одржува во време на сè поизразена технолошка конкуренција меѓу Кина и САД, а ВИ станува стратешко поле на глобално надмудрување. САД веќе воведоа ограничувања за извоз на напредни технологии и чипови во Кина поради загриженост за нивна можна воена употреба.
И покрај санкциите, Кина продолжува да бележи напредок на пазарот на ВИ. Ли повика на поголема транспарентност, координирани иновации и надминување на бариерите во глобалната соработка.