Канал 5 репортажа-Монасите во Св. Пантелејмон ја вратија душата на манастирот

20.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канал 5 репортажа-Монасите во Св. Пантелејмон ја вратија душата на манастирот

 Убавина од уметност и е најстарата зачувана црква во Скопје од 1164 година. Во манастриот посебен мир дава монашкиот живот. Отец Пантелејмон со посебна радост раскажува за манастирот и фреските. Секој кој имал улога во неговата изгрaдба оставил белег. Црквата одбележела 860 години од нејзината изградба, а има записи дека и предходно на ова место пред изградбата на манастирот имало црква.

„Свети Пантелејмон потекнува од третиот и почетокот четвртиот век, кога неговиот маченички живот завршува. Во тоа време луѓето биле многу бошци кога проведал христијанство и верува само во еден Бог и го изгубил својот живот. Околу тоа зошто токму Св. Пантелејмон имаме една теорија тука во околината на манастриот постоел извор со лековита вода може и тоа да е причината. Но, и самиот ктитор имал изградено однос со тој светител“, раскажа  монахот Пантелејмон.

Монаштвото во манастирот има  осум години. Монасите се душата на манастирот, секој разговор со нив е исцелување, спознавање на себе си, колку најголемиот проблем може да биде лекција. Отец Пантелејмон раскажува дека најголема радост за нив е кога семејствата доаѓаат во манастирот учат за верата, но и разговараат со нив. Секоја средба е среќа.

„Зборот среќа доаѓа од старословенскиот збор срешта, кој во превод значи буквално средба. Кога двајца меѓусебно ќе се сретнат тие се исполенти и радосни. Јас велам замислете што ќе се случи кога вие ќе сретнете со Бог. Каква неизмерна радост е тоа“, вели Пантелејмон.

Верниците во манастирот доаѓаат да се помолат пред иконата светецот Пантелејмон симбол на здравјето, за здравје и среќа. Во манастриот отец Ефрем со божја милост црта икони. Иконите се цртаат со молитва секое нанесување на боја е со молитва кон Бога.

„Се трудиме да ја користиме и традиционалната техника, таа се нарекува јаична темпера. Се работи за техника која подразбираат пигменти кои се мешаат со емулзија направена од јајце. Исто така самата техника е сложена“, раксажува  Отец Ефрем.

Композицијата „Оплакување Христово“ е фреска која има речиси во сите цркви.

Оваа фреска во манастирот Свети Пантелејмон од се разликува по нагласеното истакнување на внатрешните чувства на прикажаните личности. Богородица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син. Нејзиното лице покажува болен израз на длабока болка, а погледот е вперен во лицето на мртвиот син кого што го држи во драматична прегратка.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата