Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Каде граѓаните ќе ги поминат новогодишните празници?

8 декември 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Пикот на побарувачката го очекуваат во последните десетина дена пред доаѓањето на Новата година, вели во изјава за Канал 5 Силвана Јованова, сопственичка на туристичка агенција.

„Овој период од годината претежно се актуелни оние европски дестинации каде што има божиќни маркети. Има голем интерес за Прага, Будимпешта, тука се и Италија, од поблиските дестинации Белград е секогаш актуелна дестинација. Будва е доста барана годинава со оглед на добрите програми кои што ги имаат на плоштадите и нормално да не го заборавиме и Истанбул како вечно пополарна дестинација.“- Силвана Јованова – сопственик на туристичка агенција   

Иако и агенциите ги чувствуваат последиците од кризите, како ковид, така и енергетска и економската, сепак велат интерес за патување кај граѓаните има и покрај повисоките цени, кој од година во година се менувааат. Јованова вели цените не зависат од нас, се обидуваме да напаравиме баланс помеѓу понудата и побарувачката.

„Секогаш за нова година цените на аранжманите биле поскапи, но оваа година и хотелите ги поскапеа аранжманите, самите места кој што се посетуваат, влезници во локалитети, бродови за крстарење, автобуските, авионските превози се е накачено, така што да за жал се накачени цените, но ние се обидуваме тука да бидеме некој баланс помеѓу понудата и побарувачката за да им понудиме нешто што можат да си го дозволат.“- Силвана Јованова – сопственик на туристичка агенција

Во соседство, но и европските мертополи веќе се чувствува новогодишната еуфорија - светнаа и новогодишните елки, стартуваа со работа новогодишните базари.

Скопјани се во исчекување на новогодишната елка на плоштад Македонија. Од градските власти побаравме одоговор дали и кога Метрополата ќе светне во новогодишно руво, но засега одговор не добивме. Лани градот беше украсен  десетина дена пред дочекот на Новата година. Празничната еуфорија, пак веќе се забележува во дел од градови низ земјава.  

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ