Хуманитарен настан за опремување на крстилницата во црквата во Криволак

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хуманитарен настан за опремување на крстилницата во црквата во Криволак

- Жителите на Криволак се сплотија околу иницијативата на црковниот одбор на селото за одржување хуманитарен настан, за собирање финансиски средства за опремување на крстилницата во локалната црква Свети Спас, за што благослов е даден од владиката Агатангел. Како локална самоуправа дадовме морална и логистичка поддршка на настанот, а очекувам Советот на општина Неготино да донесе одлука и за доделување финансиски средства од општинскиот буџет за поддршка на иницијативата, вели неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

Тој истакнува дека покрај месното население, на настанот присуствуваа и голем број граѓани на општина Неготино, од неколку градови во Македонија, како и претставници на ,,Вешта жена". Беа поставени штандови на кои беше изложена храна подготвена за настанот, а сите собрани средства ќе бидат наменети за опремување на крстилницата во рамките на црквата ,,Свети Спас".

- Општонародниот собир беше убава можност за заедничко другарување на присутните и уживање во богатата културно уметничка програма, додава Стојанов. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата