Газда на ресторан со интересно правило- за секое пцуење, гостите плаќаат 1 евро

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Газда на ресторан со интересно правило- за секое пцуење, гостите плаќаат 1 евро

Имено, сопственикот одлучил гостите да плаќаат по едно евро за секоја изговорена пцовка, а за само неколку дена биле собрани 150 евра, пренесува Обзервер.

Позитивни реакции

Сопственикот верува дека оваа одлука поттикнува „цивилизирано однесување“, а неговите гости реагираа позитивно.

Некои луѓе решија да ја платат „казната“ однапред, веднаш на влезот, бидејќи знаеја дека нема да можат да се контролираат додека пијат кафе со пријателите.

„Специјален пакет“

Газдата откри дека собраните пари се донираат во хуманитарни цели, што ја направи целата акција уште попопуларна.

Не поминало многу време, а уште еден ресторан во Тревизо воведе „систем на казни“. Разликата е во тоа што гостите плаќаат помеѓу едно и пет евра, во зависност од сериозноста на пцуењето.

Покрај тоа, тие можат да се одлучат за „специјален пакет“ што вклучува три пцовки за 2,5 евра.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата