Зад таа уморна маска се криела невидлива зависност – не од алкохол, ниту од дрога, туку од коцкање. Како што вели самата: „Бев хипнотизирана од шарените светла и возбудливите звуци на казиното. Бев во ноќна мора.“ Денес, на 60 години и со 14 години апстиненција, Мери проценува дека има изгубено повеќе од еден милион долари. Нејзината зависност траела колку и закрепнувањето – 14 години.
Во тој период, повлекла пари од пензискиот фонд, испразнила сметки, го уништила бракот и за малку не ја загубила ќерката.
Невина вечерна забава
Сè започнало во 1997 година кога тогашниот сопруг ѝ предложил вечерна прошетка на казино брод, 30 минути од нивниот дом во Илиноис. Мери не пиела – нејзиниот татко бил алкохоличар, а и била бремена. Ноќта не поминала добро – изгубиле 300 долари и останале заглавени на бродот два часа. Изгледало како авантурата да завршува тука.
Но, шест месеци подоцна, сè се менува. Семеен пријател ги запознава со видео покер. Вложиле 20 долари – добиле 1.000. Балони, аплаузи, адреналин. „Помислив: ‘Вау, ова е добро’. Сакав тој момент повторно.“
Казиното станува навика – од еднаш неделно, на двапати, па дури и пет пати. Кога ќе останела без пари, тајно криела чекови од 1.000 долари.
„Никогаш не престанав да го притискам копчето“
Бракот почнува да пука. „Се расправавме за пари – понекогаш и среде казино. Луѓето не гледаа како луди.“ Еднаш, сопругот толку се опил што паднал покрај автоматот на кој таа играла. „Тој лежеше на подот, а јас не престанав да играм. Само го притиснав копчето за итен случај и продолжив.“
По тој инцидент, почнува да оди сама во казино. „Тоа беше едно од ретките места каде што жената може да се чувствува безбедно кога е сама. Таму бегав од одговорност.“
Таен живот помеѓу казиното, работата и мајчинството
На работа – сè перфектно. Води тим, роковите ги исполнува. Никој ништо не забележува. Но ноќите ѝ се исполнети со коцкање – до пет пати неделно, од 1 до 6 часот наутро. Се враќа пред да се разбуди ќерката Џен, ѝ подготвува доручек и ручек – па оди на работа.
„За време на пауза ќе возев до паркот, ќе го спуштев седиштето и ќе спиев час и пол.“
Финансискиот колапс бил неизбежен. Потрошила сè – штедна книшка, акции, дури и 500.000 долари од пензискиот фонд. Плаќала казни, лажела, криела.
На врвот од зависноста, чувствувала физичка потреба за казино. „Доживував анксиозни напади кога не можев да играм.“
Пресврт и спас
Во 2011 година, ќерката ѝ имала 13 години. Мери речиси целото нејзино детство го поминала во коцкање. Тогаш направила нешто што си ветила дека нема – повлекла 5.000 долари од заедничката сметка со сопругот.
Тој го забележал тоа и ѝ поставил ултиматум: или престанува со коцкање, или си заминува со Џен. Тогаш првпат признала дека не може повеќе.
„Таа ми беше единствената причина за живот. Толку лошо се чувствував што размислував за самоубиство – да удрам во ѕид со автомобил.“
Ја повикала линијата за помош на Анонимни Коцкари и на 1 јули 2011 отишла на прв состанок. На почетокот, сопругот одел со неа. Но додека таа сфатила дека тие состаноци се „лек кој мора да го зема цел живот“, неговата поддршка стивнала.
Се разделиле на крајот од 2012, а разводот завршил во март 2013. Мери добила старателство над ќерката.
Нов живот, нова љубов
Денес, 12 години подоцна, Мери често зборува со Џен за минатото.
„Разбира колку сум била изгубена. Затоа е уште погорда на мене.“
Во 2013, на настан на Анонимни Коцкари го запознала Боб – нејзиниот сегашен сопруг. Се венчале во 2017.
„Само друг коцкар може да разбере колку е силен тој порив да не можеш да се тргнеш од автомат.“
Мери денес работи во непрофитна организација и вели дека закрепнувањето ѝ дало нова смисла на животот. Со Боб живеат скромно, патуваат ретко – но се исполнети.
„Не сакам ни да замислам каде би била сега да продолжев да се коцкам – мртва, бездомничка или сама“, пишува Блиц Жена.
Денес знае едно: „Конечно научив што значи вистински живот.“