Французин осомничен за силување на повеќе од 89 малолетни лица

10.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Французин осомничен за силување на повеќе од 89 малолетни лица

Обвинетиот е приведен во 2024 и е осомничен дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година.

Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл.

Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, Колумбија и Нова Каледонија, каде што мажот работел како наставник, изјави обвинителот Етјен Манто.

За време на истрагата, мажот признал дека ги убил и мајка си и тетка си.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата