Британскиот музеј купи неодамна пронајден приврзок на Хенри Осми за четири милиони евра

10.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британскиот музеј купи неодамна пронајден приврзок на Хенри Осми за четири милиони евра

Преку јавни донации и средства, за таа цел се собраа четири милиони евра.

Златниот приврзок во облик на срце му припаѓал на британскиот крал Хенри Осми од династијата Тудори и неговата сопруга Катерина од Арагон. Артефактот од 16 век, преоткриен во 2019 година, сега ќе биде јавно изложен, објави „Скај њуз“. Досега, предметот му припаѓаше на пронаоѓачот - сопственикот на земјиштето каде што наодот бил откопан пред седум години, се додава.

Повеќе од 45.000 Британци донираа средства, а најголемите придонеси доаѓаат од Националниот фонд за споменици и наследство којшто придонесе со два милиони евра, фондот „Џулија Раузинг“ - 575.000 евра и здружението „Aмерикански пријатели на Британскиот музеј“ - 345.000 евра.

Музејот планира да го вклучи приврзокот во својата постојана колекција, а следи и турнеја / обиколка со низа изложби ширум Велика Британија.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата