Фото: Во скоро пресушениот Дунав се појавија бродови од Втората светска војна

3.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Во скоро пресушениот Дунав се појавија бродови од Втората светска војна

Како што објави Ројтерс, бродовите се појавиле на делот од Дунав што минува низ Прахово, град во Србија, додека непотврдени информации укажуваат дека е многу веројатно дека во нив има неискористена муниција.

Бродовите според извештајот на Ројтерс наводно ги потопиле самите нацисти за да спречат да паднат во рацете на тогашната советска армија, за време на нејзиниот контранапад, објавува Прототема.

Според проценките на експертите, на дното на Дунав во близина на Прахово има десетици германски бродови, вклучувајќи патролни чамци, реморкери и транспортни бродови. Се верува дека дел од остатоците сè уште се закопани од речните наноси, додека други станале видливи поради рекордно ниските нивоа на водата.

Остатоци од бродови со децении се еден од најголемите проблеми за пловидба на овој дел од меѓународниот воден пат. 

Ниското ниво на водата на Дунав во последните денови предизвикува проблеми низ целиот регион. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата