Ова признание претставува потврда за посветеноста на Флекс Кредит во областа на човечките ресурси и создавање позитивна и продуктивна работна средина.
Истражувањето, спроведено од Вработување.ком, се базира на гласовите и перцепцијата на јавноста, при што Флекс Кредит е препознаена како прв избор меѓу финансиските друштва – компанија што вработените и кандидатите најмногу ја посакуваат како работодавач.
Фото: Флекс Кредит
Компанијата во изминатата година беше наградена и со признанието за најдобра Employer Branding кампања за 2023 година, што дополнително ја потврдува конзистентната стратегија и ангажманот во градењето на силен бренд на пазарот на труд.
„Горди сме што јавноста континуирано ја препознава и вреднува нашата работа“
Фото: Флекс Кредит
„Горди сме што јавноста континуирано ја препознава и вреднува нашата работа, посветеноста и грижата за вработените. Ова признание е поттик за понатамошен раст и унапредување на нашата организациска култура,“ изјави Јоана Спасовска, извршен директор на Флекс Груп.
Фото: Флекс Кредит
Наградата беше доделена на свечената манифестација „Работодавач на годината“, организирана од Вработување.ком, која се одржа на 16 април 2025 година, пред повеќе од 300 гости – HR професионалци, менаџери и лидери од водечките компании во земјава.