Кога дознал дека на лотарија освоил 40 милиони американски
долари, околу 37 милиони евра, добитникот на лото Том Крист, воопшто не се
возбудил и се откажал од своите пари освоени на канадската лотарија.
За „ЦБЦ њуз“, овој долгогодишен директор на електрична
компанија во Канада вели:
Имав среќа да работам за компанијата 44 години. Во текот на
мојата кариера заработив доволно пари за да се грижам за себе и за моите деца.
Затоа не ми требаат освоените пари на лотарија“.
Наместо да ги земе освоените пари, тој решил да донира
милиони во добротворни цели, но, позадината на таквата одлука е потресна,
пренесува германски МСН.ком.
Неколку месеци пред да освои пари на лотарија, Том Крист
доживеал тежок судбински удар, неговата сопруга почина од рак на белите
дробови.
Ова, како што објаснува, е и причината поради која ги
донирал големите добивки од лотарија на добротворна организација која се грижи
за децата на кои им е потребен посебен третман за рак.