Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите - просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај мажите речиси 79.

Кога станува збор за години здрав живот кај мажите - првото место го заземаат жителите на Малта (речиси 72 години), по што следат Италијанците (68,5), Швеѓаните (нешто повеќе од 67 години), додека на дното на табелата се Летонија (нешто повеќе од 51 година), Естонија (56,5) и Словачка (речиси 57).

Според годините здрав живот, жените од Малта се на прво место (нешто повеќе од 71 година), Бугарија (71) и Италија (скоро 70), додека најмалку такви години имаат жените од Летонија (нешто повеќе од 54), Данска (повеќе од 55) и Финска (речиси 56).

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата