Ексклузивни официјални фотографии од венчавката на ракометарот Дејан Манасков и Билјана Стојановска: Младенците блескаат, очекуваат и принова!

4.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ексклузивни официјални фотографии од венчавката на ракометарот Дејан Манасков и Билјана Стојановска: Младенците блескаат, очекуваат и принова!

Еден од најдобрите македонски ракометари, крилото на „Еурофарм Пелистер“ Дејан Манасков и директорката на маркетинг и финансии во Канал 5 телевизија – Билјана Стојановска одлучија својата долгогодишна врска да ја крунисаат со брак на 31.01.2026.

Канал 5 телевизија официјално се придружува кон честитките на овој нов брачен пар со посебно задоволство бидејќи нивната прва средба беше токму во просториите на оваа телевизиска куќа.

Билјана го изговори судбоносното „да“ во креација од дизајнерот Марков, тоалета од свилен сатен со долг впечатлив шлеп, која за време на венчавката во црква беше дополнета со елегантна наметка од бел кашмир и детали од природни пердуви. Ракометарот пак се одлучи за темно кафен костум кој совршено му прилегаше.

Венчавката беше интимна, во кругот на најблиското семејство и пријателите, а се одржа во црквата Рождество на Пресвета Богородица. Свештеничката служба збогатена со пеењето на црковниот хор ги стоплија срцата на присутните.

Граѓанското склучување на брак и свечената вечера се одржаа во винаријата Камник, во топол зимски амбиент. Покрај фамилијата присуствуваа и нивните најблиски пријатели и личности од светот на спортот и музиката, а официјални сведоци на склучувањето на бракот беа ракометарот Гоце Ојлески (кум) и стилистката Јована Зука (старосватица).

По овој повод, Канал 5 телевизија ви открива ексклузивни фотографии од венчавката, воедно на младенците им посакува среќен и долг брак, богато потомство и бројни, прекрасни заеднички моменти!

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата