Папата Лав ги повика Русија и САД итно да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

4.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Папата Лав ги повика Русија и САД итно да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Тој истакна дека ситуацијата во светот „бара да се стори сè што е можно за да се спречи нова трка во вооружување“.

- Упатувам итен апел да не се дозволи овој инструмент да истече. Поитно е од кога било да се замени логиката на стравот и недовербата со заедничка етика, способна да ја одмери секоја одлука за општо добро, наведе поглаварот на Римокатоличката црква.

Нов СТАРТ е потпишан во 2010 година, а истекува утре. Рускиот претседател Владимир Путин во септември минатата година предложи договорот неформално да се продолжи за уште една година, но до денеска американскиот претседател Доналд Трамп не одговори на предлогот.

Истекувањето на Нов СТАРТ би означило крај на повеќе од половина век ограничувања на нуклеарното оружје.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата