Дутерте денеска за првпат ќе се појави пред МКС

14.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дутерте денеска за првпат ќе се појави пред МКС

-Судскиот совет смета дека е соодветно првото појавување на Дутерте да се одржи в петок во 14 часот, се вели во соопштението на МКС со седиште во Хаг.

Дутерте во средата беше предаден на МКС, откако беше издаден налог за негово апсење.

Дутерте неодамна беше уапсен по неговото пристигнување од Хонг Конг и беше приведен од полицијата по наредба на судот што ги истражува масовните убиства за време на неговиот претседателски мандат како дел од неговата „војна против дрогата“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата