До крајот на минатата година во Јапонија живееле 3,6 милиони странски жители, повеќето Кинези

14.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
До крајот на минатата година во Јапонија живееле 3,6 милиони странски жители, повеќето Кинези

Бројот на странски државјани кои живеат во Јапонија како постојани жители надмина 3,7 милиони на крајот на 2024 година, што е за 10,5 отсто повеќе во однос на претходната година и достигна рекорд трета година по ред, покажаа денеска објавените владини податоци.

Бројот на луѓе на кои им беше доделен статус на бегалци во Јапонија се намали за 113 и моментално се 190, но 1.661 лице, главно Украинци, добија статус „дополнителна заштита“, што е нова програма која им овозможува на тие кои бегаат од конфликти да останат во Јапонија, пренесе јапонска новинска агенција.

Според податоците на јапонската Агенција за имиграција, од 3.768.977 странски државјани кои престојувале во Јапонија во декември минатата година, постојаните жители чиј број изнесува 918.000 ја сочинувале најголемата група според статусот на живеење. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата