Див слон направи хаос во продавница во 3 часот наутро, барал само една работа (ВИДЕО)

4.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Див слон направи хаос во продавница во 3 часот наутро, барал само една работа (ВИДЕО)

Продавачите биле запрепастени кога див слон ноншалантно влезе во продавницата и почна да пребарува по полиците со сурлата!

Надреална сцена

Шокираните луѓе ја гледаа надреалната сцена додека главата на монструозното суштество го допре таванот. Тоа алчно се нафрли врз изложените грицки, а потоа проголта голема количина крцкави оризови крекери и јајца.

Откако го задоволи гладот, слонот полека ја напушти продавницата и тргна кон блискиот Национален парк Као Јаи, објавува „Њујорк пост“.

Ова не му е прв пат

Локалните медиуми објавуваат дека слонот претходно бил наречен Плаи Бјанг Лек и дека често го напуштал подрачјето на природниот парк во потрага по ручек.

„Мештаните се навикнати да го гледаат во близина на споменатата продавница, но никогаш не се обидел да влезе. Овој пат, сепак, Плаи Бјанг Лек ги изненади сите, вклучително и сопственикот“, се вели во извештаите.

Дивиот слон претходно „растурил“ ресторан во 2023 година додека сопствениците спиеле.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата