Овој празник има големо значење во христијанската традиција и е поврзан со воскресението на Светиот Лазар, пријателот на Исус Христос, кого Исус го воскреснал од мртвите.
Во нашата Македонија, Врбица се смета за празник на дечињата и животот. Тогаш во црквите се одржуваат посебни служби, а децата традиционално се облекуваат во убави облеки, често во бело, и добиваат ѕвончиња, врбови гранчиња и цвеќиња – симболи на радост, пролет и нов живот.
Oвој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазаревски песни.
Денес задолжително одете во црква и помолете се за здравје и спасение. Обичаите налагаат дека е убаво да земете и осветите гранчиња од врба и да ги понесете дома и да ги ставите покрај иконите. Се верува дека тоа носи здравје и мир во домот.
Малите дечиња често носат венчиња од врба и ѕвончиња околу вратот. Се вели дека ѕвончињата „го будат пролетното цвеќе“ и носат радост.
Овој празник го најавува влегувањето во Страстната недела – последната недела од постот, која води кон Велигден, најголемиот христијански празник.