Денес е Ноќта на вештерките: Еве зошто овој ден се одбележува како празник

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денес е Ноќта на вештерките: Еве зошто овој ден се одбележува како празник

Ширум светот, па и во Европа, познатите личности на оваа ноќ се маскираат и секоја година избираат различни костими кои претставуваат измислени или историски личности, но често ги гледаме и како животни или други познати личности со препознатлив изглед („signature look“) низ годините.

Никогаш не им недостасува инспирација — а еве зошто овој ден се одбележува како празник и од каде потекнува.

Денес таа е позната по костими, тикви, украси и фразата „trick or treat“, но потеклото на овој празник е многу постаро и длабоко поврзано со древни верувања.

Празникот води потекло од келтскиот фестивал Самхаин (Samhain), кој се одржувал во древна Ирска и Шкотска. Со овој фестивал, Келтите го означувале крајот на жетвата и почетокот на зимата — период кој се сметал за граница меѓу светот на живите и светот на мртвите. Верувале дека токму во оваа ноќ, душите на починатите се враќаат на земјата, па луѓето палеле огнови и носеле маски за да ги избркаат злите духови.

Подоцна, кога христијанството се проширило низ Европа, Црквата го прифатила и прилагодила овој празник. Денот по Самхаин, 1 ноември, бил прогласен за Ден на сите светци (All Saints’ Day), а вечерта пред него станала позната како All Hallows’ Eve, што со тек на време се скратило во Halloween.

Во САД, традицијата ја донеле ирските и шкотските доселеници во 19 век, и таму Halloween добил обликот што го знаеме денес — со тикви (Jack-o’-lanterns), костими, украсени куќи и собирање слатки.

Историја на Ноќта на вештерките

Изразот „Ноќ на вештерките“ (Halloween) за првпат е употребен во 16 век и претставува шкотска варијанта на целосниот назив Ноќта на Сите Свети (All Hallows' Even ('evening')), односно, ноќта пред Денот на Сите Свети. Иако фразата Сите Свети (All Hallows') се среќава и во Стариот англиски (ealra hālgena mæssedæg, ден на миса за сите светци), изразот Ноќта на Сите Свети се споменува дури во 1556 година.

Денес, Ноќта на вештерките е симбол на забава, фантазија и мистерија — комбинација на древни обичаи и современа култура.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата