Чудо во Невада: Британец преживерал пад со падобран од 3.350 метри, семејството шокирано

3.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чудо во Невада: Британец преживерал пад со падобран од 3.350 метри, семејството шокирано

Тој скокна во тандем со 54-годишниот инструктор Џирон Понс, кој исто така преживеа, но е во критична состојба, објавува Њујорк пост.

Откажување на опремата

Дакин пристигна во Соединетите Држави на 17 септември за да скокне од авион, по повод неговиот роденден. Авионот полетал од писта во округот Кларк.

Меѓутоа, по скокот, главниот и резервниот падобран откажаа, па Дакин и инструкторот паднаа на земја со брзина од 70 км/ч, соопшти полицијата.

По инцидентот, двајцата биле однесени со хеликоптер во Универзитетскиот медицински центар во Лас Вегас.

Се здоби со сериозни повреди

Лекарите утврдија дека Британецот имал повеќекратни повреди, вклучувајќи фрактура на карлицата, скршени ребра, прободени бели дробови и оштетување на бубрезите.

Неговата девојка Изабел Клачер веднаш започнала кампања GoFundMe за собирање пари за да се помогне во покривањето на високите трошоци за лекување. Досега се собрани речиси 24.000 долари.

„Ова беше исклучително трауматично за него, но и за неговото семејство и пријателите, бидејќи е далеку од дома“, рече таа.

Покажува знаци на закрепнување

Инцидентот во Невада го истражуваат полицијата во Лас Вегас, Здружението на падобранци и Федералната администрација за воздухопловство.

Мајката на повредениот Дакин ја информираше јавноста дека нејзиниот син полека покажува знаци на закрепнување и дека почнал да оди.

„Дознавме дека има повеќе внатрешни фрактури на грбот, ребрата и карлицата отколку што мислевме, но лекарите веруваат дека сè ќе заздрави. Тој е многу позитивен, има одличен тим кој се грижи за него и е навистина благодарен на сите за нивната љубезност, пораки, разговори и повици“, додаде мајката.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата