Се гледа починатиот, облечен во бело, а неговите најблиски собрани околу ковчегот. Човекот во еден момент ги „отворил очите“ на зачуденост на сите.
На видеото се гледа телото на починатиот, а потоа и моментот кога почнуваат да му „трепкаат“ очните капаци. Некој ја вклучил камерата и снимил сѐ, додека во позадина се слушаат коментарите на ожалостените.
„Кој знае, можеби се бори за живот“, вели едно лице.
Загрижените роднини наводно предложиле да повикаат брза помош и да го однесат починатиот во болница, во случај тој за чудо да оживее, пишува Дејли мејл.
Снимката беше во фокусот на странските медиуми, а бројни гледачи ги коментираа настаните.
„Тоа е посмртна мускулна реакција, понекогаш се случува“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Тоа е сјајот на светилка за мобилен телефон, погледнете повторно“.