Брижит Макрон ја посети најтажната принцеза- сите се крстат што облече за дипломатската посета

10.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брижит Макрон ја посети најтажната принцеза- сите се крстат што облече за дипломатската посета

За оваа прилика, Брижит Макрон и принцезата Шарлин избраа сосема различни модни комбинации, но заеднички моден именител им беше обувката со рамен ѓон – сосема соодветна за ваков вид настан. Сепак, многумина беа изненадени.

Принцезата Шарлин пристигна на базенот во фустан од швајцарската модна куќа „Akris“. Креацијата без ракави, со црно-бели линии, во горниот дел ја следи линијата на телото, додека долниот дел е сукња во А-крој, до половина листови. Изработена е од материјал со дупчиња, што дополнително го истакнува летниот карактер на моделот. Со фустанот, принцезата носеше крем балетанки од лак кожа со златна тока на предниот дел.

Брижит Макрон остана верна на својот препознатлив стил и се појави во костум. Избра сако и панталони во нијанса на путер-жолта – една од најпопуларните бои на сезоната. Под сакото носеше класична бела кошула.

Што се однесува до обувките, се одлучи за патики од брендот „No Name“, во комбинација од беж и бела боја. Удобен избор што ќе им се допадне на многу дами, исто како и балетанките на принцезата Шарлин.

Првата дама на Франција и „најтажната европска принцеза“, како што ја нарекуваат медиумите, имаат веќе неколку заеднички посети, а кога станува збор за модата, останаа верни на својот препознатлив стил, што го потврдуваат и последните фотографии на кои Брижит Макрон носи сив костум и патики, а сопругата на принцот Алберт – цветен фустан и крем балетанки.

Сопругата на претседателот Емануел Макрон избра несоодветна обувка за време на државната посета на Монако, констатираше Флоријан Филипо, лидер на партијата Француски патриоти. Тој за тоа напиша на социјалната мрежа X:

„За државна посета, нема ништо посоодветно од овие патики, Брижит? А што е со француската елеганција?“, напиша Филипо.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата