Брачна советничка: Знаци кои укажуваат дека сте во токсична врска и време за прекин

21.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брачна советничка: Знаци кои укажуваат дека сте во токсична врска и време за прекин

„Ако некогаш сте биле во таков однос, знаете колку тој може да биде збунувачки и исцрпувачки. Понекогаш останувате со чувството на емоционална изолација, прашувајќи се дали вашата врска е осудена на пропаст", изјави таа за YourTango.

Препознавањето на знаците кои укажуваат на токсична врска е првиот чекор кон донесување одлука што ќе ви донесе внатрешен мир и сигурност. Затоа, терапевтот сподели знаци кои укажуваат дека врската станала токсична и дека можеби е време за прекин.

Критикување без поддршка.

Не поддржување на вашите соништа (амбиции).

Партнерот секогаш „знае подобро“.

Вие сте одговорни за нивните емоции.

Контрола над вашето време.

Лажни обвинувања.

Финансиска контрола.

Се чувствувате недоволно добри.

Јавно понижување

Омаловажување на вашите чувства.

Вашите проблеми не се важни.

Постојано се чувствувате виновни.

Не смеете да правите грешки.

Игнорирање и исклучување.

Злонамерни шеги.

Изолација од семејството и пријателите.

Постојана контрола преку пораки и повици.

Закани кон вас или кон себе.

„Еден вид на нездрав однос е емоционалното злоставување. Емоционалното злоставување е исто толку штетно како и физичкото и сексуалното злоставување. Целта е да се понижи и контролира жртвата, и преку зборови и постапки да се доминира над неа. Тоа може да се случи во секој близок однос, вклучително и пријателство или работен однос. Ако сте во емотивно насилен однос, важно е да запомните дека вие не сте проблемот, иако злоставувачот ќе направи сè да ве увери во спротивното – наведува терапевтот.

Таа додава дека, ако личноста е во емотивно насилна врска, се поставува прашањето - зошто останува? Но, тој тврди дека нема едноставен одговор на тоа.

„Постојат многу теории, но ниту една не е дефинитивна. Дали е тоа последица на нездраво детство? Можеби. Дали е резултат на социјализацијата? Можеби. Или е генетски условено? Можеби", истакнува таа.

Значи, важно е да ги препознаете знаците и да реагирате навреме.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата