Благослов од владиката Партениј за правословните семејства во дебарско

19.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Благослов од владиката Партениј за правословните семејства во дебарско

- Да се радуваме, зашто Христос победи! Победи за нас, за нашите деца, за нашите таги и радости. Нека оваа Пасха биде небесен благослов за вашето прекрасно семејство, со мир, си љубов, со здравје и со духовно Воскресение. Со срдечна пасхална прегратка во Христа Воскреснатиот, вели меѓу другото владиката Партениј.

Со најголема љубов и со неискажлива радост во срцата, додава Партениј, ве поздравуваме со поздравот на победата и на животот: Христос воскресна-навистина воскресна".

Православните семејства во Дебар, селата Рајчица и Горенци, како и долнореканските села Велебрдо, Битуше, Ростуше и Јанче се подготвуваат за големиот христијански празник.

- На нашиот владика Партениј од се срце му благодариме за оваа чест, како и за сите заложби што ги прави заедно со Бигорското братство и сестринството во Рајчица, за православието во овој крај. Бог да ги благослови и чува, вели за МИА, Десанка Секуловска.

За достојно одбележување на Христовото воскресение подготвен е и Бигорскиот манастир кој по традиција го посетуваат голем број верници. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата