Била неписмена жена од село, а одгледала еден од најголемите генијалци

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Била неписмена жена од село, а одгледала еден од најголемите генијалци

Уште како мал толку многу ја сакал книгата, што буквално се исцрпувал читајќи, а на мајка си ѝ посветил песна што би расплакала секого кој би ја прочитал.

Сергеј Есенин, еден од најомилените поети во руската литература, секогаш им се враќал на мајчините очи, без оглед каде се наоѓал и што творел. Неговиот однос со мајка му Татјана Фјодоровна Есенин бил сложен, исполнет со љубов, но и со тешки моменти. Иако се знае многу за неговите љубови, политичките ставови и книжевното творештво, улогата на неговата мајка во неговиот живот најчесто била во сенка.

Татјана Фјодоровна беше сиромашна селанка, неписмена, но полна со животна мудрост. Во едно од нејзините ретки интервјуа, таа опишала како го воспитувала својот син, обидувајќи се да го научи на чесност и независност.

- Го родив во село. Отсекогаш бевме повеќе сиромашни отколку богати. Уште од мал му кажував дека мора сам да заработува за живот, да не краде од никого и да не посакува ништо туѓо. Читаше многу, сè и сешто. Ми беше жал за него што толку многу читаше, се исцрпуваше. Ноќе одев да го изгаснам светлото за да легне да спие, но тој не обрнуваше внимание, повторно го вклучуваше светлото и читаше, се присетила оваа скромна жена.

Иако неговите родители биле живи, Есенин понекогаш се чувствувал како сираче. Отсуството на таткото и тешката судбина на мајката оставиле длабока трага врз него. Се говорело дека Татјана во моментите кога се оддавала на алкохолот, знаела да биде строга, а понекогаш и сурова кон своите деца. Меѓутоа, во неговата поезија, особено во познатата песна „Писмо до мојата мајка“, се отсликува неговата силна емотивна врска со мајка му, исполнета со љубов, копнеж и тага.

- Имаше жед за знаење, сакаше сè да знае. Учеше во селското училиште до четврто одделение и добиваше пофалби. После тоа го испративме во седмо одделение, што не можеше секое дете од селото да си го дозволи – објаснила своевремено Татјана.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LFS (@larsfredriksvedberg)

И покрај нејзината сиромаштија, таа ја поддржувала неговата љубопитност и образование. Есенин, кој подоцна станал познат поет, никогаш не ги заборавил своите корени. Се враќал во селото, разговарал со луѓето, им рецитирал стихови и споделувал приказни од својот живот.

Влијанието на неговата мајка оставило неизбришлива трага, од неговите лирски пејзажи на руската провинција до бескрајната потрага по љубовта и животната смисла. И покрај сите предизвици во нивната врска, Татјана Фјодоровна била клучна фигура во обликувањето на еден од најголемите поети на рускиот јазик. Нејзината љубов, понекогаш строга, понекогаш нежна, била вткаена во секој негов стих, оставајќи неизбришлива трага во литературата и срцата на неговите читатели.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата